Лазаров без промашување против Рајн Некар Ловен

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најзаслужен за нерешениот резултат на Нант против Рајн Некар Ловен на домашен терен – 26:26.

Лазаров вечерва постигна шест голови без промашување, а во финишот беше стрелец на гол за намалување на водството на бундеслигашот на 25:26, за потоа Никола Турно да го изедначи резултатот. Во последниот напад, РНЛ не реализираше удар од седум метри. Голманот на Нант Сирил Думолин го одбрани ударот на Андре Шмит, кој со 8 голови беше најефикасен на натпреварот.

Кај Нант покрај Лазаров 6 голови постигна и Роман Лагарде.
Ова беше првиот натпревар од 3.коло од А групата каде Вардар е прв со 4 бодови, а РНЛ со денешениот бод има 4, додека Нант е трет со 3.
Европскиот првак Вардар дуелот од 3.коло го игра дома во недела (1.октомври) против Загреб, додека Металург е домаќин на Спортинг во сабота (30.септември) во натпревар од Д групата.

Вечерва се одиграа уште два дуела од 3.коло од Лигата на шампионите. Кил го совлада Алборг со 27:26, а Динамо Букурешт беше подобар од Кадетен Шафхаузен со 29:28.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска