Куртоа ќе биде подготвен за „Ел класико“

Од:

Реал Мадрид најмалку уште 10 дена ќе биде без првиот голман Тибо Куртоа. Белгискиот голман заработи повреда на грбот.

Сепак, првите прогнози се добри, па се очекува одличниот голман да не биде во акција само два меча.

Синоќа го пропушти натпреварот во Примера против Осасуна (1:1), а сигурно нема да брани и во среда, против Шахтјор во Лигата на шампионите. Веројатно Куртоа ќе го пропушти и натпреварот со Хетафе во Примера, како и реваншот со Шахтјор.

Според прогнозите тој треба да биде подготвен до 16. октомври кога на програмата е дербито со Барселона. Негова замена е Украинецот Андриј Лунин.

Мадриѓаните ќе се засилат во зима, а не се знае дали тоа ќе важи и за голманската позиција. Тој зборуваше и за парите што клубот ги загуби за време на пандемијата на коронавирус.

Извор:Топспорт

Би можело да ве интересира

Повредата на Куртоа не е наивна

Куртоа сонува за „требл“ со Реал Мадрид