Фудбалерот на Севиља, репрезентативецот на Франција Жил Кунде е на прагот да се пресели во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
„Радио Каталуња“ тврди дека Севиља се согласила да го продаде Кунде на каталонскиот клуб за 60 милиони евра со бонуси. Барселона за францускиот фудбалер треба веднаш да и плати 50 милиони евра на Севиља, а потоа преку бонуси уште 10 милиони евра.
Кунде (23) е член на Севиља од 2019 година, а претходно настапуваше за Бордо.
Каталонскиот клуб во летниот преоден рок ги ангажираше Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси и Андреас Кристенсен.
Сепак, шпанските медиуми тврдат дека има проблем, бидејќи Ла Лига не дозволува Барселона да регистрира нови играчи додека не се „направи простор“ во финансискиот фер-плеј.
Барселона мора да продаде неколку играчи за да ги добие парите и со тоа да ја ослободи границата на платите.
Шпанските медиуми наведуваат дека клучот го држи Френки де Јонг, кој го бара Манчестер јунајтед, но холандскиот фудбалер не сака да се пресели во клубот од „Олд Трафорд“. Каталонскиот клуб планира да ги продаде Мемфис Депај и голманот Марк-Андре тер Штеген…
Шпанските медиуми потсетуваат дека Барселона нема да може да регистрира нови играчи доколку продаде неколку играчи или доколку Де Јонг не прифати драстично намалување на платата.
Извор: Топспорт