Куман: Не очекував да бидеме толку силни против Франција

Од:

Селекторот на Холандија, Роналд Куман изрази задоволство од победата на неговата фудбалска репрезентација над Франција со 2:0 во Лигата на нациите, при што во неколку наврати истакна дека го изненадила добрата игра на „лалињата“ против светскиот шампион.

– И пред овој натпревар веќе покажавме дека тешките времиња се зад нас, но не очекував да играме толку добро во сите 90 минути. Не очекував моите фудбалери да ја читаат играта на противникот на толку добар начин и да не му дозволуваат да направат што било. Тие направија огромен чекор во вистинска насока. Одлично играа од самиот почеток. Можевме да постигнеме и повеќе голови, но нивниот голман беше многу силен, изјави Куман.

Тој додаде дека победата ќе им даде дополнителна самодоверба на холандските репрезентативци во натпреварите кои следуваат.

Би можело да ве интересира

Познати полуфиналните двојки во Лигата на нациите

Наум Локоски

УЕФА ја објави програмата за второто издание на Лигата на нациите

Наум Локоски

Англија со пресврт ја совлада Хрватска и ја освои групата

Наум Локоски

Ангеловски: Агресивно од самиот почеток

Наум Локоски

Далиќ се жали на замор пред решавачкиот дуел со Англија

Наум Локоски

Португалија домаќин на првото издание на финалето на Лигата на нациите

Наум Локоски