Куанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудес зборуваше за одлуката на ВАДА во врска со руските спортисти.
– Куба е против неправедните санкции на ВАДА против Русија. Одлуките во врска со спортот и меѓународното олимписко движење не можат да се засноваат на политички размислувања или на двојни стандарди, напиша претседателот на Твитер.
За потсетување, Извршниот комитет на Светската антидопинг агенција (ВАДА) ги суспендираше руските спортисти да учествуваат на големи меѓународни натпревари следните четири години. За овој период Русија го загуби и правото да биде домаќин на големи меѓународни турнири.