Сателитскиот пилот на Јамаха, Фабио Куартараро го совлада шампионот во кралската класа Марк Маркез во последните квалификации за сезоната 2019 во Мото ГП, на патеката во Валенсија.
Младиот Французин беше единствениот пилот кој се симна под една минута и 30 секунди на сесијата, освојувајќи ја својата шеста пол-позиција во својата дебитантска сезона. Првите 3 зад Куартараро и Маркез ги надополнува Џек Милер со сателитскиот Дукати.
Во последната квалификацискa сесија во кралскaтa класа, петкратниот шампион Хорхе Лоренцо заврши едвај на 16-тата позиција.
Зад првите 3 во недела ќе се најде Маверик Виналес со фабричката Јамаха, Морбидели и Андреа Довициозо со Дукати.
Првите 10 се надополнети со двојката на Сузуки – Жоан Мир и Алекс Ринс, Кал Кручлоу со сателитската Хонда и Данило Петручи со вториот Дукати.