Крушево ќе добие 4,2 милона денари за реконструкција на полетуваиштето за параглајдерство на Мечкин Камен

Од:

Со 4,2 милиона денари, пари од државниот буџет, Крушево ќе го реконструира полетувалиштето за параглајдерство на Мечкин Камен и ќе изгради објект за следење на натпреварите, канцелариски простор за учесниците и други содржини. Ова доаѓа по владината одлука да го прифати барањето на Оштината за изградба на дел од инфраструктурата на полетувалиштето за параглајдерство.

Според владиното соопштение, прифатено е од државниот буџет да бидат одобрени 4,2 милиони денари за финансирање на проектот „Изградба на дел од инфраструктура во Центар за параглаjдинг во Крушево“.

За крушевскиот градоначалник Томе Христоски ова е одлична можност за обнова на она што е потреба за домашните и за светските параглајдеристи кои одржуваат првенства во Крушево поради одличните услови за параглајдерство и за змејарство.

-Крушево ќе добие нов реконструиран параглајдинг-центар на веќе постојното полетувалиште на Мечкин Камен и контролна кула за следење на натпреварите за параглајдерство и за змејарство за во 2021 година да бидеме подготвени за светското првенство во змејарство и за многу други меѓународни натпревари кои ќе следуваат, вели Христоски.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево