Криминалците контролираат четвртина од светскиот спорт

Од:

Генералниот директор на Светската антидопинг агенција Дејвид Хауман денеска оцени дека криминалните групи контролираат најмалку четвртина од професионалниот спорт во светот.

– Организираниот криминал контролира најмалку 25% од вкупниот спорт, на овој или оној начин, истакна Хауман и апелира на општа борба против корупцијата во спортот.

Тој на конференцијата во Лондон посветена на безбедноста во спортот нагласи дека организираниот криминал е најголема закана во светот денеска.

Хауман потенцира дека тие што ги дистрибуираат допинг – стероидите како што се хормонот за човечки раст (ХГХ) и еритропротеин (ЕПО), се истите ликови кои ги корумпираат спортистите и плаќаат за местење натпревари.

– Тоа се истите тие лоши момци, изјави Хауман. 

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето