„Кралевите“ го торпедираа Селтик, Лајпциг со слатка одмазда кај Шахтјор за осминафинале

Од:

Актуелните шампиони од Лигата на шампиони, Реал Мадрид го потврдија првото место во групата Ф во Лигата на шампинионите со убедливата 5:1 победа над Селтик, додека РБ Лајпциг со одмазничка 4:0 победа на гости кај Шахтјор во Полска, го осигура второто место и пласман во осминафиналето на ЛШ.

По домашниот 1:4 пораз од Шахтјор во првото коло, шансите на Лајпциг за пласман во осминафиналето беа минимални, но со фантастичната 3:2 победа над Реал во минатото коло, тие требаа само да не загубат од украинскиот тим за сигурно второ место. Наместо ова тие стигнаа до доминантна победа. Кристофер Нкунку го отвори резултатот во 10. минута, за во второто полувреме да паднат уште три гола преку Андре Силва (50.), Доминик Собослаи (62.) и автоголот на Бондар (68.).

На „Сантијаго Бернабеу“, првото полувреме беше одбележано со пенали – Реал искористи два, преку Модриќ (6.) и Родриго (21.), додека обидот на Јурановиќ за Селтик во 35. минута заврши во рацете на Тибо Куртоа. Марко Асенсио во 51. минута и Винисиус Жуниор во 61. минута најавија катастрофа на шкотскиот клуб, пред Феде Валверде да зголеми на 5:0 во 71. минута. Утешителен гол за Селтик постигна Жота во 82. минута од мечот.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

(ВИДЕО) Реал го искористи киксот на Барса, Мбапе повторно се насмевна

А1он

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти носи 19 играчи на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите