Тренерот на Баерн, Нико Ковач потврди за тепачката меѓу Роберт Левандовски и Кингсли Коман за време на тренингот на тимот од Минхен вчера. Повеќе од 24 часа од клубот молчеа за инцидентот, за кој дознавме од германските медиуми.
– Имаше размена на удари помеѓу двајца играчи чии имиња веќе излегоа во медиумите. По тоа што се случи, тројцата седнавме и разговаравме. Тие жалат за тоа што се случи и се извинија. Прашањето е затворено. Нема да има казни или нешто слично. За време на тренинзите, работите стануваат емотивни, рече Ковач на денешната прес-конференција.
„Билд“ тврди дека постои тензија помеѓу двајцата играчи. Левандовски бил незадоволен од тенденцијата на Коман да претерува со индивидуалната игра, а покрај тоа не му подавал доволно.