Костарика без ниту една победа обезбеди четвртфинале на Голд Купот

Од:

Фудбалската репрезентација на Костарика со три нерешени резултати во групната фаза на Голд Купот го освои второто  место и се избори за четвртфинале.

Костариканците ноќеска ремизираа со Канада, додека Јамајка го совлада Ел Салвадор за прво место во Б-групата.

Постигнати резултати во 3.коло:

Јамајка – Ел Салвадор 1:0 и Канада – Костарика 0:0.

Теоретски шанси за пласман во следната рунда има и Ел Салвадор само во зависност од резултати во последното коло во Ц-групата.

Табела Б-група: Јамајка 7 бодови, Костарика 3, Ел Салвадор 2, Канада 2.

Вечер по полноќ со двата натпревара од 3.коло во групата Ц ќе биде заокружена првата фаза на првенството на Северна и Средна Америка кое се одржува во САД и Канада.

Би можело да ве интересира

Катар и Мексико изборија полуфинале на Златниот куп

Ана Ололовска

Јамајка се пласира во финалето на „Голд Купот“

Ана Ололовска

Фудбалерите на САД се први финалист на Голд Купот

Ана Ололовска

Мексико против Јамајка во полуфиналето на Голд Купот

Ана Ололовска

Костарика и САД изборија полуфинале во Голд купот

Ана Ололовска

Познати четвртфиналните двојки на Голд купот

Ана Ололовска