Фудбалерите на САД се први финалист на Голд Купот

Од:

Фудбалската репрезентацијата на САД е првата која обезбеди пласман во финалето на Голд Купот.

Во првиот полуфинален меч на ова натпреварување што се одржува токму во САД, домашните фудбалери ја совладаа селекцијата на Костарика со 2:0.

Головите за Американците ги постигнаа Џози Алтидор во 72. минута и Клинт Демси десет минути подоцна (82).

Кој ќе биде противник на САД ќе биде познато утре по одигрувањето на вториот полуфинален натпревра во кој ќе се сретнат бранителот на трофејот од пред две години Мексико и селекцијата на Јамајка.

Мечот ќе се игра во Пасадена, во понеделник наутро од три часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Катар и Мексико изборија полуфинале на Златниот куп

Ана Ололовска

Јамајка се пласира во финалето на „Голд Купот“

Ана Ололовска

Мексико против Јамајка во полуфиналето на Голд Купот

Ана Ололовска

Костарика и САД изборија полуфинале во Голд купот

Ана Ололовска

Познати четвртфиналните двојки на Голд купот

Ана Ололовска

САД и Панама изборија четвртфинале на Голд купот

Наум Локоски