Кошаркарките на САД го освоија осмиот последователен олимписки златен медал

Од:

Кошаркарките на САД денеска осми пат по ред го освоија златниот олимписки медал, откако во финалето на Игрите во Париз.

Во последните моменти од играта Габи Вилијамс шутираше за продолжение и го погоди кошот, но нагази на линијата за три поени, па тимот на САД победи.

Американскиот тим го предводеше Ајја Вилсон со 21 поен и 13 скока. Кајла Копер постигна 12 поени со пет скока, а Келси Плам имаше 12 поени.

Во победата придонесе Брајана Стјуарт со осум поени, а Нафиса Колиер седум поени и 11 скока.

Во францускиот тим најефикасна беше Габи Вилијамс со 19 поени и седум скока. Марин Јоханис и Валеријан Ајаџи додадоа по девет поени, а Марјем Баџан осум поени и шест скока.

Кошаркарките на САД со тоа ја постигнаа 61-та последователна победа на олимписките турнири.

Во кошаркарска конкуренција играа истите екипи и повторно американскиот тим го одбрани златото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ