Кошаркарите на Далас се пласираа во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА, бидејќи во шестиот полуфинален натпревар ја совладаа Оклахома со 117:116.
Далас со серија од 4:2 во победи стигна до финалето на плејофот на Западот. На почетокот на третата четвртина Оклахома имаше предност од 17 поени (77:60), но Далас на крајот од мечот успеа да го сврти резултатот и да победи.
Најдобар во тимот на Далас беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој забележа трипл-дабл учинок од 29 поени, 10 скока и 10 асистенции. Кајри Јуинг и Дерик Џонс постигнаа по 22 поени. Кај гостите најдобар беше Шеј Гилгес-Александер со 36 поени, осум асистенции и три скока.
Џејлен Вилијамс додаде 22 поени, а Чам Холмгрен 21. Кошаркарите на Далас во финалето на плеј-офот на Западот ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Денвер и Минесота. Моменталниот резултат во серијата е 3:3, а седмиот меч е закажан за понеделник наутро во два часот по средноевропско време во Денвер.