Кошаркарите го сменија терминот за натпреварт Македонија – Велс

Од:

Квалификацискиот натпревар за Светското фудбалско првенство 2014, меѓу селекциите на Македонија и Велс, ќе се игра од 19, а не од 20 часот.

Причината за ваквата одлука Фудбалската федерација на Македонија, е настапот на кошаркарска репрезентација Македонија, која истиот ден (петок, 6 септември) ќе игра против селекцијата на Србија на на Европското првенство во Словенија, и тоа во терминот од 21 часот.

На овој начин ФФМ ќе овозможи, сите вљубеници во спортот во Македонија, да можат да ги проследат и двата натпревари на македонските селекции.

Дуелот на фудбалските репрезентации на Македонија и Велс, на 6 септември, ќе се игра на националната арена „Филип Втори“, а на 10 септември во Скопје ќе гостува селекцијата на Шкотска.

Натпреварот Македонија – Шкотска ќе се игра од 20 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето