Со германското дерби меѓу Кил – Фленсбург 22:30, комплетирано е седмото коло во ракометната Лига на шампиони. Ова беше меч од А групата во која вчера се одиграа уште два натпревари.
Барселона за која настапуваат Кирил Лазаров и Борко Ристовски славеше триумф на гостувањето кај Силкеборг со 27:23, додека дуелот Веспрем – ПСЖ заврши со минимална победа на гостите од Франција со 29:28.
Македонскиот вицепрвак Металург на гостувањето во Норвешка беше поуспешен од Елверум со 31:26.
Пласман по групи по седум рунди:
А група: ПСЖ 12 бодови, Барселона 12, Фленсбург 9, Веспрем 8, Кил 6, Висла Плок 5, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Вардар 12 бодови, Киелце 10, ПИК Сегед 9, Рајн-Некар 9, Мешков Брест 7, Цеље 4 Кристијанштад 3, и ППД Загреб 2.
Ц група: Монпеље 10 бодови, Ла Риоха 9, Чеховски Медведи 6, Таран Прешов 6, Металург 6 и Елверум 5.
Д група: Табела: Нант 11 бодови, Мотор Запорожје 9, Бешикташ 9, Динамо Букурешт 6, Брага 4 и Холстебро 3.