Српскиот репрезентативец Александар Коларов летово ќе го напушти и ќе мине во францускиот тим Монако, пишува англискиот весник „Мирор“.
Богатиот клуб од кнежевството е подготвен да издвои голема сума на пари, за во своите редови да го донесе дефанзивецот на англискиот шампион Манчестер Сити, Коларов, но притоа „Мирор“ не ја наведува сумата.
Договорот на Србинот со „Граѓаните“ е до крајот на следната сезона, односно јуни 2015 година, а во тек со него се и преговорите за продолжување на соработката. Покрај Монако, интерес за Коларов пројавиле уште неколку екипи пред се од италијанската серија А. Покраш шампионот на Италија, Јувентус, за Коларов заинтересирани се Рома и Милан.
Коларов во Манчестер Јунајтед дојде 2010 година од римски Лацио, а за премиер лигашот досега одигра 85 натпревари и постигна само 5 првенствени голови.