Кои се најбрзите луѓе во светот?

Од:

Маратонот е традиција која го обединува светот и за која не постојат граници и ограничувања. Уште во Античка Грција долгото трчање било начин за пренесување на информации од еден до друг град. Денес маратонот значи енергија, трчање, спорт, дружење, патување, љубов.

Затоа што маратонот значи историја, еве неколку од најважните детали и датуми поврзани со оваа древна дисциплина.

Кога се трчал првиот маратон во модерно време?

Тоа се случило во далечната 1896 година, на 10 март во Атина, како дел од првите модерни Олимписки Игри таа година. Првиот Олимписки Маратон се оддржал на 10-ти април, 1896 година.

Кој победил на првиот Олимписки Маратон?

Победникот на првиот Олимписки Маратон кој се оддржал на 10-ти април, 1896 година бил Спиридон Луис, чие време на трчање е 2 часа и 58 минути и 50 секунди. На Маратонот на Летните Олиписки Игри 2004 година се трчала традиционалната патека од Маратон до Атина, завршувајќи на Панатинаико Стадионот, местото каде што се оддржале за прв пат во 1896, Летните Олипмиски Игри. 

Кога се оддржал првиот маратон за жени?

Тоа се случило во 1984 година на Летните Олимписки Игри во Лос Анџелес, Америка. Првата жена маратонец која победила на тој маратон е Јоан Беноит. Таа маратонот го истрчала за 2 часа, 24 минути и 52 секунди.

Кој го држи рекордот за трчање на Маратон кај мажите?

najbrziot covek

Рекордот е поставен во 2014 година, од Денис Кимето од Кенија. Тој трчал со време од 2 часа, 2 минути и 25 секунди.

Која жена го држи рекордот?

najbrzata zena

Најбрзата жена во светот е Паула Радклиф од Обединетото Кралство, чиј рекорд е 2 часа, 17 минути и 42 секунди. Овој рекорд е поставен на 17-ти Април, 2005-та година на Лондонскиот Маратон.

Кога почнале да се трчаат првите Маратони?

Од 1982 година почнале да се организираат и трчаат маратони насекаде низ светот. Берлин, Бостон, Чикаго, Лондон, Њујорк и Токио се првите градови каде што се организирале и трчале маратони.

Кој е најстариот маратон во светот?

За најстар маратон е прогласен маратонот во Бостон, Америка, инспириран од успехот на Олимписките Игри во 1896 година. Овој маратон се оддржува од 1897 година одбележувајќи го денот на Патриотите, празник кој го оддбележува денот на Американската Револуција.

Каде се трча најстариот маратон во Европа?

Најстариот маратон во Европа се трча од 1924 година во Кошице, Словачка.

Кој е најстариот маратон во Македонија?

viz er skopski maraton

Скопскиот маратон,  e Првата маратонска трка  од меѓународен карактер насловена “Скопски Маратон” во Скопје е одржана во 1997 година по иницијатива на познатиот спортски работник Професор – тренер, Душан Ангеловски. Наредната 1998 година маратонот го организираше Михаил Пановски со група спортски работници, потоа следуваше пауза се до 2007 година.

Маратонот беше обновен во 2007 година на иницијатива на Евро амбасадорот Ерван Фуере и на тогашниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, а организацијата беше доверена на Сојузот на спортови на Скопје. На програмата беа три трки: полумаратон, 5.000 метри и 2.000 метри. По успешната организација на полумаратонот во 2007 година беше донесена одлука од следната 2008 година да се организира и маратонска трка.

Со обновувањето на Скопскиот маратон во 2007 година, со полумаратонската трка, се создаде голема мотивација за маратонското трчање, за што спортските работници, добро се организираа и со подршка на покровителите; Градот Скопје, канцеларијата на ЕУ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија, секоја година ја подбруваа организацијата на маратонот, што придонесе секоја година да се зголемува и бројот на учесниците.

Патеката на Скопскиот маратон, од 2008 година има сертификат од Асоцијацијата за маратони и улични трки (АИМС) со што се признаваат сите постигнати резултати и рекорди.

Денес Виз Ер Скопски Маратон важи за еден од најдобро и најмасовно организирани маратони во регионот. Од година во година расте интересот, посетеноста, но и резултатите на маратонците се се’ подобри и подобри.

Бидете дел од Виз Ер Скопски Маратон и оваа година, кој ќе се оддржи на 10 мај, 2015. Пријавувањето е сеуште во тек.

FrontPage

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ