Македонскиот шампион во футсал КМФ Проект ја одбрани титулата на меѓународниот турнир „Скопје 2021“ совладувајќи го во финалето најтрофејниот домашен клуб Железарец со 6-4.
Покрај екипниот трофеј, КМФ Проект на турнирот во Скопје освои и најмногу поединечни признанија.
За најдобар играч беше избран Димче Андов (КМФ Проект), додека титулата најдобар стрелец на турнирот му припадна на новото засилување на екипата од Јосифово, Димитар Јанев.