Ќе се гради „Куќа на спортот“ во Каменица

Од:

Македонска Каменица ќе гради „Куќа на спортот“ на Градскиот стадион, информираат од општината. Првата фаза од реализација на проектот започна со распишување јавна набавка за избор на најповолен изведувач кој ќе го гради овој современ објект.

„Куќата на спортот“ ќе има вкупна внатрешна површина од околу 500 квадратни метри и ќе содржи современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, простор за фитнес центар и канцелариски простории кои ќе им бидат ставени на располагање на сите спортски клубови од подрачјето на општина Македонска Каменица.

Целосната реализација на овој проект ќе биде до октомври 2016 година, а со изградбата на овој и десетина други капитални објекти, Македонска Каменица добива нов и современ лик.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето