Сопругата на најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ, Наталија, остави емотивна порака по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде беа убиени девет лица, како и за убиствата во околината на Младеновац, каде што загинаа осуммина.
“Молчам! И се молам Господ да им даде сила на сите мајки да ги преживеат деновите што се пред нас, бидејќи сите други ќе зборуваат. Ќе молчам за мајките кои сега плачат, бидејќи целиот свет им се сруши”, напиша таа.
Нејзиниот сопруг Никола се потресе кога зборуваше за убиствата во Србија. Тој им објасни на Американците дека тоа никогаш порано не се случило во неговата земја.
„Тоа е нешто што не е чуено во Србија. Жал ми е за сето она низ кое минуваат тие семејства. Тоа е нешто за што не сакате да слушнете. Ве фаќа неверојатно кога нешто такво ќе се случи толку блиску до вас, во Србија, каде што досега не се случило“, рече Никола.
НБА суперѕвездата и пријател на Јокиќ, Лука Дончиќ се понуди да ги покрие сите потребни трошоци на семејствата на жртвите.