На фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар, ќе му се суди од 17. до 31. октомври во Барселона поради наводни неправилности при неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година.
Како што дознава агенцијата Франс прес, покрај бразилскиот фудбалер, ќе им се суди и на поранешните претседатели на Барселона, Сандро Росел и Жозеп Марија Бартомеу.
Тие се обвинети за корупција и измама.
Обвинителството наводно ќе бара двегодишна затворска казна за Нејмар.
Извор: Топспорт