Ќе го стигне ли Синер „спортското проклетство“ – раперот Дрејк се обложи на него

Од:

Јаник Синер – италијанскиот тенисер кој е прв на АТП листата се смета за главен фаворит на Отвореното првенство на САД.

Италијанецот загуби само еден сет до четвртфиналето и е на добар пат да го одбрани трофејот освоен во Њујорк.

Синер моментално е главен фаворит според обложувалниците. Многумина се обложуваат на него, вклучувајќи го и канадскиот рапер Дрејк.

Канаѓанецот е познат како баксуз“, бидејќи често губи на спортско обложување.

Во јуни, тој објави дека изгубил околу 7,2 милиони евра за еден месец обложувајќи се на спортски натпревари.

Обожавателите честопати се шегуваа за Проклетството на Дрејк“, кое ги погодува спортистите или тимовите на кои се обложува или за кои навиваат.

Овој пат, Дрејк цврсто верува дека Синер ќе го освои Отвореното првенство на САД.

Раперот сподели снимка од екранот на Инстаграм на која се гледа дека се обложил на над 257.000 евра на Синер како победник на Гренд слем.

Ако тоа се случи, Канаѓанецот ќе освои околу 430.000 евра.

Во четвртфиналето, Синер ќе игра против сонародникот Лоренцо Мусети.

Би можело да ве интересира

Синер убедливо ја започна одбраната на титулата на УС опен

А1он

ВИДЕО: Јаник Синер го освои Вимблдон

Синер со сигурност го победи Вукиќ и се пласираше во третото коло на Вимблдон

(ВИДЕО) Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет

А1он

Синер се пласираше во финалето на Ролан Гарос

Горан Наумовски

Синер убедливо го победи Бублик и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос