Кјаер и осуммина лекари ја примија наградата на УЕФА

Од:

Добитници на претседателската награда на УЕФА се данскиот капитен Симон Кјаер, членовите на данскиот лекарски тим, Мортен Скојлдагер и Мортен Боесен, медицинскиот тим на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, Моргенс Кронцфилд и Фредерик Фленстед, Андрес Боесен и Педер Есгард, како и медицинските работници на УЕФА, Јенс Клејнефелд и Валентин Великов.

Сите споменати дадоа свој придонес во спасување на животот на најдобриот дански фудбалер Кристијан Ериксен, кој на натпреварот меѓу Данска и Финска на ЕУРО 2020 колабираше на теренот во 43 минута и претрпе срцев удар.

Благодарение на брзата реакција на целата лекарска екипа, Ериксен преживеа и целосно се рехабилитираше по неколкудневен престој во болница.

На оние наградени, кои вечерва не беа во можност да присуствуваат на свеченоста во Истанбул, признанието лично ќе им го врачи претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година