Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров со апел за поширока поддршка на акцијата за помош на луѓето кои настрадаа во поплавите во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Најдобриот македонски ракометар, член на шпанската Барселона, ги повика сите граѓани на Република Македонија да ја покажат својата хуманост и да донираат на телефонските броеви.
Лазаров е дел од големиот број на македонски спортисти, спортски колективи и федерации кои веќе се вклучија во помошта на земјите од поранешна Југославија кои ги зафатија катастрофалните поплави.