Хокејарите на Лос Анџелес Кингс релативно лесно славеа на третиот натпревар од финалето во НХЛ Лигата и се на чекор до освојување на Стенли куп трофејот.
На третиот натпревар славеа со 4:0 и поведоа со 3-0 во победи.
Трофејот може да биде нивен за прв пат во историјата на клубот, им треба само уште една победа, а историјата не им оди во прилог на Девилс, бидејќи само една екипа успеала да се врати од 3-0 и да слави во финалето, тоа се случи 1942 година.
Џонатан Квик уште еднаш блескаше на голот со 22 одбрани, Алек Мартинез го постигна првиот гол во 26. минута, десет минути подоцна Копитар зголеми на 2:0. На стартот на третата третина Џеф Картер погоди за 3:0, а конечните 4:0 ги постави Џастин Вилијамс.
Кингис можат да станат прва екипа која влегла како осма во доигрувањето, а да ја освои титулата.