Килијан Мбапе официјално објави дека го напушта ПСЖ

Од:

Најдобриот фудбалер на денешницата, Килијан Мбапе објави нешто што сите го чекаат со месеци, а тоа е потврдата дека си заминува од Пари Сен Жермен на крајот од актуелната сезона.

„Сакав да ви се обратам. Секогаш велам дека ќе ви се обратам кога ќе имам што да кажам. Сакав да ви кажам на сите дека ова е мојата последна година во ПСЖ. Нема да го обновам договорот и авантурата дојде до крај“, изјави Мбапе и потврди дека последниот меч ќе го игра на „Паркот на принцовите“ в недела.

„Во недела ќе го одиграм последниот натпревар на „Паркот на принцовите. Тоа ќе биде натпревар полн со емоции бидејќи сум таму со години и ми беше чест да бидам дел од најголемиот француски клуб“, додаде тој.

Претходно беше објавено дека Мбапе потпишал договор со Реал Мадрид, а сега се очекува и официјална потврда на тој трансфер.

Мбапе оди во Реал како слободен играч, што значи дека Кралскиот клуб го добива целосно бесплатно.

Исто така, Мбапе веќе купи луксузна вила во Мадрид, која му ја продаде Серхио Рамос, легендарниот фудбалер на Реал Мадрид за 18 милиони евра.

Мбапе е во ПСЖ од 2018 година кога пристигна од Монако за 180 милиони евра, а оттогаш за парискиот клуб одигра 306 натпревари на кои постигна 255 голови и 108 асистенции.

Би можело да ве интересира

Потпиша за Реал, па доби БМВ од 200.000 евра – но не знае да вози

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Мбапе мора да оди на операција

Пирес: Би сакал да го видам Мбапе во Ливерпул

(ВИДЕО) Мбапе се изнасмеа на прашањето на момче дали ќе се пресели во Арсенал

Горан Наумовски

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ