Kик боксерот Павел Стојчевски освои два сребрени медали на Балкан Опен 2021

Од:

Делчевскиот кик боксер Павел Стојчевски освои два сребрени медали на Балкан Опен 2021, кој викендов се одржа во градот Тешањ во Босна и Херцеговина. Неговиот тренер Љупчо Стојчевски изрази задоволство од постигнатите резултати со оглед на силната конкуренција.

– Медалите се одлично достигнување, ако се има предвид дека на турнирот учествуваа 61 тим со 350 борци од вкупно 11 земји. Како претставник на Кик боксинг клубот АС, Павел настапи во дисциплините поинт-фајт за постари кадети до 52 килограми и лајт-контакт во истата дисциплина, во кoја го освои 2. место и сребрениот медал, информира Стојчевски.

Младиот натпреварувач се борел и во дисциплината поинт-фајт до 57 килограми, натпревар на кој бил меѓу петте најдобри.

Македонија на овој турнир настапи со вкупно 7 натпреварувачи од три клубови, а на натпреварувањето покрај тренер, Стојчевски ја имал и улогата на Меѓународен судија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Адесања спектакуларно го нокаутираше Переира: Три пати загуби од Бразилецот, четвртиот пат славеше

Предраг Петровиќ

Македонските кикбоксери освоија 65 медали на „Балканс бест фајтерс 6“

Ана Ололовска

Македонските кикбоксери освоија 68 медали на Балканското првенство

А1он

Златен медал за Павел Стојчевски на „Кик-боксинг Гран-при 2020“

Млад хрватски кикбоксер почина на турнир во БиХ

Наум Локоски

Македонските кик боксери со 19 медали се враќаат од Сараево

Емир Латифовиќ