Хокеарите на Чикаго го победија Бостон со 3:1 во петтиот дуел од финалната серија во НХЛ и се наоѓаат на само една победа до освојување на шампионскиот трофеј.
Во 18. минута од првата третина домаќините поведоа со 1:0 со голот на Кејн, а истиот играч во 6. минута од вториот период зголеми на 2:0. Во последната третина двете екипи постигнаа по еден гол. Прво Бостон преку Чејр намали на 2:1, а потоа Боланд ги постави конечните 3:1.
Натпреварот број 6 од финалната серија се игра ноќта понеделник кон вторник.