Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХФС) со 100.000 евра и со забрана за продажба на влезници за натпреварите на лица кои се наоѓаат на листата на хулигани. Казната е одредена за инцидентот (прекин на натпреварот Хрватска – Чешка) кои го направија хрватските навивачи на стадионот во Сент Етиен на 17.јуни.
Во 85.минута од натпреварот (Хрватска – Чешка) хрватските навивачи со фрлање на бакљи и топовски удари на терен, го прекинаа дуелот.
УЕФА има покренато постапка против ХФС и за дуелот од 1.коло од ЕУРО 2016 против Турција поради пиротехника и втрчување на навивачи на терен. Одлука за ова ќе биде донесена на 21.јули.
Хрватскиот фудбалски сојуз поради казни во претходните пет години има платено повеќе од половина милион евра.