Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари, постигна осум тројки на првиот меч од првото коло во НБА плејофот со Клиперс (121:104) и изби на врвот на вечната листа во оваа статистичка категорија.
Сега, Кари има 386 постигнати прецизни удари во плејофот.
Досега на врвот беше Реј Ален со 385 тројки.
Трето место е играчот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс со 370 тројки, но и без можност да ја зголеми оваа бројка, бидејќи неговиот клуб не обезбеди учество во разигрувањето за трофејот.