Фудбалерот од средниот ред на италијанската репрезентација, Антонио Кандрева нема да биде во состојба да го одигра натпреварот против Шпанија од осминафиналето на Европското првенство во Франција.
Тој поради повредата на бутниот мускул го проушти и мечот со Република Ирска кој заврши со резултат 1:0 за Ирците.
Кандрева е многу важен играч за составот на селекторот Антонио Конте, бидејќи без него во составот „Азурите“ не победиле на дури 40 насто од натпреварите.
Средбата меѓу Италија и актуелниот европски првак Шпанија ќе се одигра утре со почеток во 18 часот.