Јусуф Нуркиќ поразот од Литванија го префрли на политички терен

Од:

Центарот на Босна и Херцеговина Јусуф Нуркиќ даде изјава по поразот од Литванија, која во Србија ја оценија како срамна.

Босна и Херцеговина испадна од ЕП, а Нуркиќ покрај судењето ја критикуваше и ситуацијата во неговата земја.

Но, директно ги навреди сите Срби кои живеат во Босна и Херцеговина.

„Знаете како функционираат работите кај нас. Имаме тројца Босанци, имаме тројца Херцеговци и тројца не знам како да ги наречам“, рече Нуркиќ.

Потоа им испрати порака на сонародниците пред октомвриските избори.

„Да продолжиме понатаму, ние ќе го направиме нашиот дел, се надевам дека во октомври и вие ќе го направите својот дел со вашите гласови, дека имаме земја што ја сака БиХ, дека луѓето се чувствуваат Босанци и Херцеговци без разлика на нивната вера, бидејќи тоа никогаш не било важно и се надевам дека ќе ги направиме промените“.

Кошаркарите на БиХ не успеаја да се пласираат во осминафиналето во конкуренција на Словенија, Франција, Германија и Литванија, иако го надиграа европскиот шампион.

„Кај нас секогаш е добро или лошо, нема измеѓу. Горд сум на момците, тренерите, стручниот штаб. Какви турбуленции, ова е импресивно, јас сум горд на нив. Им честитам на сите што учествуваа, го дадовме нашето најдобро и Босна и Херцеговина може да се гордее“, рече Нуркиќ.

Запрашан за иднината на репрезентацијата, тој беше сосема јасен во својот одговор.

„Почнува од Федерацијата, што имаме, дали имаме луѓе што ја водат, дали добиваме тренер десет дена порано. Многу од ова е пред спорт, спортот е најлесно. Кој ќе излезе дава максимум и повеќе од максимумот.Што направија момците во овој месец“.

Би можело да ве интересира

Шпанија е на европскиот кошаркарски трон

(ВИДЕО) Нуркиќ ги скрши двете потколеници, а судијата го шутна во ногата

Предраг Петровиќ