Јубилеен 10. Охридски езерски куп во мечување

Од:

Во Охрид денеска и утре ќе се одржи 10-тиот јубилеен Охридски езерски куп во мечување. Ќе учествуваат ветерани, деца и младинци од земјава, како и од Романија, Србија, Хрватска, Унгарија, Русија, Полска, Финска, Франција, Англија, Бугарија.

Целта на турнирот е да се популаризира мечувалечкиот спорт кај детската и возрасната популација и афирмација на Македонија како туристичка и спортска дестинација.

Оваа година, од први септември прв пат се воведува Европски куп за ветерани, а Охридски езерски куп е првиот според кој ќе се врши бодувањето за учество на Европскиот куп.

На Охридскиот езерски куп годинава ќе учествуваат еден двократен европски шампион и еден светски шампион во мечување.

Би можело да ве интересира

Трикратниот шампион се посрамоти: Мечувањето ја донесе првата сензација на Олимписките игри

Турнир во мечување „Солидарност“

Ана Ололовска

Германска поддршка за спортот во Македонија

Ана Ололовска