Во спортски дух, подготвени за еден различен ден исполнет со ведри и насмеани лица, подготвени за добра трка, претставниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје и оваа година беа дел од Виз Ер Скопски Маратон 2020.
Доказ дека во спортот нема граници е тимот на ЈП Водовод и канализација – Скопје кој е составен од претставници од раководниот тим, но и претставници од оперативните сектори, кои со заеднички и сплотени сили трчаа до целта. Тимот на ЈП Водовод и канализација – Скопје е составен од две екипи кои беа дел од штафетниот маратон и еден претставник на полумаратонската трка.
„Повеќепати досега, покажавме дека имаме големо срце, дека сакаме и делуваме во насока на создавање на едно поодговорно општество, дека нашата солидарност и општествена одговорност ја покажуваме со дела кои најдобро можат да зборуваат за нас. Денес, уште еднаш покажавме дека имаме голем и силен спортски дух. Предводени од мотото #ТрчањетоЌеТеПромени, заедно со колегите, со здружени сили и позитивна енергија трчавме кон целта, но нашата цел не беше висок пласман, туку поставување на позитивни примери за позитивни промени во секојдневието на секој еден од нас во нашето општество“, истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.