Јотовски се пласира во третото квалификациско коло на турнир во САД

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски 2017 година ја почна со победа. Тој во 2.коло од квалификациите на фјучрсот во Плантејшн, САД, синоќа го совлада Американецот МекКлеин Кеслер со 2:0 во сетови.

Јотовски, кој е прв носител во квалификациите двата сета ги доби со 7:6 (9:7) и 7:5 во гемови.

Вечерва во третото квалификациско коло Македонецот ќе игра против Иван Калинин од Русија.

За пласман на главниот турнир ќе треба да се мине и 4.то коло од квалификациите поради големиот број пријавени тенисери.

Главниот турнирот што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари се наоѓа во близина на аеродромот во Мајами (Форт Ландердејл) каде во петокот имаше вооружен инцидент и убиени пет лица.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест