Јаник Синер ја одбрани титулата во Мелбурн

Од:

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија Опен со 21-та победа во низа.

Играчот број еден на планетата го доби големото финале во Мелбурн против Александер Зверев со резултат 6:3, 7:6 и 6:3.

Синер на тој начин ја освои својата трета Грен слем титула, по минатогодишните титули на Австралија и УС Опен.

Јаник останува прв на АТП-листата со повеќе од 3.000 бодови само пред Зверев, кој и натаму води во меѓусебниот рекорд со 4-3 во победи.

„Сакам да започнам со Саша. Уште еден тежок ден за тебе, твојот тим, твоето семејство. Имаш фантастичен тим, ти си фантастичен играч. Мораш да продолжиш да веруваш во себе. Сите знаат колку си силен како играч и како личност продолжете да работите напорно, веруваме дека наскоро ќе подигнете ваков трофеј. Што можам да кажам за мојот тим. Работевме напорно за да бидеме на оваа позиција. Фантастично е чувството да се сподели ваков момент со сите вас. Дел од тимот е дома, моето семејство. Ова е фантастично достигнување за мене. Ова е веројатно вашиот последен Австралија опен како тренер. Се надевам дека ќе ве убедам да не се пензионирате на крајот на годината. Се започна кога ги променив работите со физиотик тимот. Благодарност до Крег Тајли, што го направи сето ова да се случи. Се надевам дека ќе продолжи вака, посебен Грен слем турнир за мене. Толку многу се грижиш за нас. Благодарност и до спонзорите, без нив е невозможно да се направи ваков турнир. Им благодариме на собирачите на топки, на судиите, сите сме благодарни. Најважни сте вие, навивачите. Ме бодревте и една недела претходно. Ми покажавте љубов, со нетрпение чекам да се вратам овде“, вели Синер по мечот.

„Страшно е да застанеш покрај трофејот и да не можеш да го допреш. Секоја чест Јаник, ти си најдобар играч без конкуренција. Се надевав дека ќе бидам поконкурентен. Честитки за тебе и твојот тим. Ти ја заврши работата како што треба и никој го заслужува овој трофеј повеќе отколку што сакам да му се заблагодарам на мојот тим, но очигледно не сум доволно добар за се што направив овде во изминатите неколку недели“ – рече Зверев.

Би можело да ве интересира

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

Сензационална Американка во финалето на Австралија опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен

А1он