Извлечени двојките за полуфиналето во ракометната Лига Европа

Од:

Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена денес беше извршена жрепката за полуфиналните пресметки во Лига Европа.

Германски Магдебург кој во осминафиналето го елиминираше Еурофарм Пелистер ќе игра против Висла Плоцк.

Другата полуфинална ќе биде германска пресметка меѓу Рајн Некар и Фуксе Берлин.

„Фајнал фор“ турнирот ќе се игра на 22 и 23 мај во Манхајм.

На церемонијата на извлекувањето на полуфиналните двојки, ЕХФ соопшти дека на машките и женските завршни турнири ќе бидат доделени трофеи изработени од рециклирани материјали.

Би можело да ве интересира

Во драматичен меч, Металург одигра нерешено против Фајверс

Жарко Настоски

„Група на смртта“ за Еурофарм во ЛЕ

Ана Ололовска

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска