Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена денес беше извршена жрепката за полуфиналните пресметки во Лига Европа.
Германски Магдебург кој во осминафиналето го елиминираше Еурофарм Пелистер ќе игра против Висла Плоцк.
Другата полуфинална ќе биде германска пресметка меѓу Рајн Некар и Фуксе Берлин.
„Фајнал фор“ турнирот ќе се игра на 22 и 23 мај во Манхајм.
На церемонијата на извлекувањето на полуфиналните двојки, ЕХФ соопшти дека на машките и женските завршни турнири ќе бидат доделени трофеи изработени од рециклирани материјали.