Шон Конери, Алекс Фергусон и мајката на Енди Мареј „упаднаа“ на прес-конференцијата на шкотскиот тенисер по победата над Томаш Бердих во полуфиналето на „US Open“.
Прво се појави ненадејно Шон Конери велејќи:
„Извинете за прекинувањето, но Фергусен е тука“, па му го престави на Мареј вториот гостин на пресот. А потоа го запраша каде е мајка му и веднаш сам си одговори: „Еве ја!“
Целиот симпатичен хаос доживеа кулминација кога Мареј ја запраша својата мајка зошто таа мириса на вино.
„Благодарение на Алекс Фергусон, тој ме понуди. Ми рече дека Шкотска го измислила светотот“, рече таа.
„Во последните три години доаѓам ваму. Реков дека Шкотите го измислија светот. Еве денес го измисливме и ветерот“, објасни Фергусон, алудирајќи на временските услови во Њујорк каде што Мареј победи.
„Денес го освоивме светот“, додаде Конери.
Мареј изненден и зачуден само додаде:
„Ќе се видиме на следниот натпревар“.
„Продолжи со своето интервју. Знаеш дека јас не зборувам со новинарите“, заврши Фергусон.