Следниот противник на Вардар во ракометната Лига на шампион, хрватскиот првак Загреб, денесак го назначи Силвио Ивандија за но шеф на стручниот штаб.
Ивандија е поранеш играч на овој клуб, екс тренер на Вараждин,
некогашен помошник на Лино Червар во Загреб и помошник на Славко Голужа во хрватската репрезентација.
Како селектор на кадетската репрезентација на Хрватска во 2011 година го освои Европското првенство.
Новиот тренер на Загреб дебито ќе го има в сабота, кога хрватскиот шампион ќе го пречека Вардар, во рамките на петтото коло во Б групата во Лигата на шампионите.
Во досегашните четири рунди од ЛШ, Загреб нема ниту еден бод, а Вардар е со максимални четири победи.