Машката ватерполо репрезентација на Италија се пласираше во финалето на Светското првенство, откако денеска во Доха во полуфиналето ја совлада Шпанија со резултат 8:6 (1:1, 3:1, 2:1, 2:3).
Најефикасни во селекцијата на Италија беа Франческо Кондеми, Франческо Ди Фулвио и Адреа Фондели кои постигнаа по два гола. Голманот на Италија, Марко дел Лунго имаше 12 одбрани на натпреварот против Шпанија.
Во шпанската репрезентација најдобри беа Алберто Мунарис и Марк Ларумбе кои постигнаа по два гола.