Италијанскиот спорт ќе добие помош од 400 милиони евра

Од:

Италијанската Влада ќе издвои 400 милиони евра за обнова на спортот во земјата, изјави министерот за спорт, Винченцо Спадафора. Со мерката ќе бидат опфатени сите спортови и на аматерско и на професионално ниво.

„Спортот не е само фудбал, а фудбалот не е само Серија А. Парите ќе одат како помош и на основните спортови на аматерско ниво. Сигурен сум дека мерката ќе биде двигател“, рече Спадафора за „Ла Република“.

Тој очекува да има барања за промени по завршување на кризата.

„Клубовите живеат во „балон“, надвор од своите можности, почнувајќи од платите на фудбалерите. Мора да сфатат дека по оваа криза, ништо повеќе нема да биде како што било“, додаде италијанскиот министер за спорт.

Би можело да ве интересира

Папата го поддржа апелот на Гутереш за примирје ширум светот за време на пандемијата

А1он

Бунт во затвор во Тајланд поради коронавирусот

А1он

Заразените со Ковид-19 од северно Косово се лекуваат во Србија

А1он

Циципас: Изолацијата тешко ми паѓа, осамен сум и губам разум

А1он

Во Албанија нови 15 случаи со Ковид-19, вкупно заразени 212 лица

А1он

Состојба со Ковид-19 во светот, регистрирани се 672.086 новозаразени , починати се 31.191 а оздравеле 143.870 лица

Ана Василевска