Во првиот настап на ЕУРО 2016 „азурите“ сосема заслужено забележаа сигурна победа од 2:0 против селекцијата на Белгија.
Италијанскиот селектор натпреварот го започна во претпознатливата формација од 3-5-2 и со малку дискутабилен состав.
Во 30. минута по центаршут на Бонучи кој ја префрли комплетната одбрана на Белгија, на топката налета Џакерини и со прецизен удар на втора статива го совлада Курота.
Во последните мигови од мечот преку фудбалерот на Саутемптон, Грацијано Пеле Италија зголеми на 2:0, резултат кој се воспостави како конечен. Па така со оваа победа Италија им возврати на фудбалската јавност за упатените критики кон нив од типот: „Оваа Италија е најслаба во историјата“
Во следното коло „Азурите“ ќе налетаат на Шведска, додека Белгија ќе се сретне со Република Ирска.