Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, повторно ја коментираше можноста за продолжување на Серија „А“. Шефот призна дека некои од резултатите од тестот кај некои фудбалски тимови не биле добри, но не даде повеќе детали.
– Вестите во последните часови од некои фудбалски тимови не се добри. Додека не ја разбереме ситуацијата со здравјето на играчите, не можеме да дадеме конкретен одговор. Следната недела очекуваме анализи на кривата на заразените по олабавувањето на мерките и ќе ги разбереме сомнежите на научниот комитет. Овие две работи ќе ни помогнат да донесеме одлука. Оние кои мислат дека откако ќе заврши вонредната ситуација, ќе ги прават истите работи како порано, не ја сфатија сериозноста на она што се случува. Се надевам дека ова е повод за многу реформи во фудбалот и спортот. Јас ќе дадам се од себе тоа да се случи“, објави министерот за спорт на Италија.