Норвешка го освои првиот златен медал во својата историја во екипна конкуренција на светските првенства во алпско скијање, триумфирајќи попладнево на патеката во Кортина д”Ампецо, пред Шведска и Германија.
Норвежаните, во состав Теа Луиз Стјернесуд, Себастијан Фос-Солеваг, Кристина Јоханесен и Фабијан Вилкенс Солхејм, на патот до полуфиналето ги елиминираа Јапонија и САД, по што во битката за финалето приредија големо изненадување, совладувајќи го бранителот на трофејот, Швајцарија. Во борбата за својот прв екипен златен медал во историјата беа подобри од Шведска.
Швајцарија остана без медал на Светското првенство во алпско скијање во Кортина д“ Ампецо, откако во борбата за третото место загуби од Германија.