Исинбаева ја заврши кариерата

Од:

Двојната олимписка шампионка и светска рекордерка во скок со мотка, Русинката Елена Исинбаева, објави дека ја завршува спортската кариера.

„Ве повикав да ве информирам дека одлучив да ја завршам кариерата“, рече Исинбаева на вонредна прес конференција во Рио.

Таа не настапи на Олимписките игри бидејќи руските атлетичари беа суспендирани заради допинг скандали.

Исинбаева на ОИ во 2004 и 2008 година освои златни олимписки медали во скок со мотка, додека во 2012 година освои бронза.

Исинбаева(34), 28 пати го соборуваше светскиот рекорд и е повеќекратна светска и европска шампионка.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“