Интер не смее да преговара со него – Фабрегас останува тренер на Комо

Од:

Фудбалскиот клуб Комо денес објави дека не му дал дозвола на Интер Миланo да преговара со нивниот тренер Цеск Фабрегас, кој е идентификуван како потенцијален наследник на Симоне Инзаги.

„Директно му го пренесовме одбивањето на претседателот на Интер, кој го прифати со очекуваната пристојност и во духот на меѓусебно почитување меѓу двата клуба“, се вели во соопштението на прволигашот Комо.

Клубот додаде дека ги смета сите гласини за интересот на великанот на Милан за Фабрегас за „чисти фантазии“, бидејќи не очекуваат дека „некој, особено клуб како Интер“, инсистирал по толку јасен одговор.

Цеск Фабрегас, поранешен шпански репрезентативец, го презеде Комо во јули минатата година, откако ја заврши својата играчка кариера во тој клуб во 2023 година.

Под негово водство, Комо заврши на десеттото место во Серија А.

Откако во вторникот беше потврдено дека Симоне Инзаги го напушта Интер и се префрла на Ал Хилал од Саудиска Арабија, Фабрегас е посочен од медиумите како главен кандидат да стане нов тренер на Интер.

Сепак, според италијанските медиуми, откако го одбија Комо, Интер сега го насочи своето внимание кон Кристијан Киву, поранешен клупски играч (2007-2014), кој успешно ја водеше Парма оваа сезона и им го обезбеди опстанокот во Серија А.

Интер, вицешампионот на Италија, претрпе тежок пораз во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен (0:5), што дополнително ги забрза промените на клупата на тимот од Милано.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на ПСЖ го „прегазија“ Интер во финалето на Лигата на шампионите

Горан Наумовски

Двапати гo победи ракот и алкохолизмот, падна на допинг тест, па даде гол против Барселона за финале на Интер во ЛШ

А1он

Меси блиску до потпишување на нов договор со Интер

А1он

(ВИДЕО) Интер е на прагот од четвртфинале во ЛШ – Тирам и Лаутаро го замолкнаа Ротердам

А1он

Цеск Фабрегас седнува на клупата на Милан?

А1он

Меси не сака да игра на -15 степени, Аргентинецот одби да игра во ЛШ во поларни услови

А1он