Интер го победи Киево

Од:

На последниот натпревар од 24.коло во Серија А одигран синоќа во Милано, Интер ја совлада екипата на Киево со 3:1 и со новите бодови изби на 4.место на табелата пред градскиот ривал Милан.

Головите за домашниот тим ги постигнаа Антонио Касано, Андреа Ранокиа и Диего Милито, додека стрелец за Киево беше Риџони.

На другите натпревари од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Атланта – Катанија 0:0, Каљари – Милан 1:1, Палермо – Пескара 1:1, Сампдорија – Рома 3:1, Удинезе – Торино 1:0, Болоња – Сиена 1:1, Парма – Џенова 0:0, Лацио – Наполи 1:1, Јувентус – Фиорентина 2:0.

Табела: Јувентус 55 бодови, Наполи 50, Лацио 44, Интер 43, Милан 41, Фиорентина 39, Удинезе 36, Катанија 36.

Би можело да ве интересира

Игуаин одговори на критиките од министерот за внатрешни работи на Италија

Наум Локоски

ВИДЕО: Делио Роси му покажа среден прст на Тоти

Ана Ололовска