Телото пронајдено во трупот на авионот кој на 21 јануари се урна во Ламанш е идентификувано. Полицијата соопшти дека тоа е аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала.
Кобниот ден Сала леташе од Нант за Кардиф, каде требало да им се приклучи на новите соиграчи. Ден претходно Кардиф потпиша договор со Аргентинецот за 18 милиони евра.
По неколкудневна потрага, авионот, во неделата, беше пронајден на дното на каналот, на длабочина од 67 метри.
Телото од авионот беше извлечено во средата. Заедно со Сала во авионот се наоѓал и 59-годишниот пилот Дејвид Иботсон, чие тело сè уште не е пронајдено.